top of page

биографија

Дубравко Наумов е роден во Скопје, Р.Македонија. Дипломирал сликарство на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 1993 г., во класата на професор Родољуб Анастасов a подоцна и рекламен дизајн на Онтарио Универзитетот за  уметност и дизајн  (OCAD U), Торонто во 2006 г.

Низ својата уметничка кариера Дубравко има остварено соработка со повеќе етаблирани и потврдени куратори, кустоси, галеристи и историчари на уметноста. Тој има изреализирано голем број самостојни ликовни изложби и земал учество во многубројни групни изложби во земјата и пошироко. Тој активно изложува низ Канада, Европа  и САД. 

Дубравко денес живее и работи помеѓу два континента, во Торонто, Канада и во Скопје.

​​​
„Експериментирањето со различни материјали и медиуми се уште една потврда за неговиот континуиран интерес на третирање на времето и просторот („безвременско присуство“) при презентирање на артистички проект. Затоа тој често користи јазични структури за комплетирање на неговиот концептуален модел.“
                                                                                                                   Сузана Милевска, куратор

самостојни изложби

2013 - Галерија МАТИС , Загреб, Р. Хрватска

2013 - Дом на култура, Решетари, Р. Хрватска

2012 - Дом на култура, Илинден, С.Македонија

2010 - Галерија Bezpala Brown, Торонто, Канада

2008 - Париз, Франција, Амбасада на Р. Северна Македонија

2008 - Брисел, Белгија , Амбасада на Р. Северна Македонија,

2008 - Скопско Лето, Музеј на град Скопје

2008 - Охридско Лето, Културен центар „Григор Прличев“, Охрид

2000 - „Идиоми 196,967“, Графичко студио, Музеј на град Скопје

1998 - „Инфинитив“, Музеј на град Скопје

1997 - Француски Културен Центар, Скопје

1994 - Француски Културен Центар, Скопје

1994 - Културен Центар, Кочани

1993 - Интроспективни пејзажи, Младински Културен Центар, Скопје

групни изложби

2024 - Виена, Амбасада на Р. С.Македонија

2019 - Отава, Амбасада на Р. Северна Македонија

2019 - Вашингтон, Амбасада на Р. Македонија

2017 - Галерија МКД,  Сплит, Р. Хрватска

2016 - Галерија КО-РА

2013 - Галерија „Articsok“, Торонто, Канада

2013 - Задар, Р.Хрватска

2013 - Сплит, Р. Хрватска

2012 - Дом на култура, Куманово

2012 - Галерија КО-РА, Скопје

2011 - Галерија Bezpala Brown, Торонто, Канада

2010 - Јапонија, дигитален проект „Сино небо“

2006 - Скопско Лето, Сули Ан - Мултимедијален проект

2004 - Ликовна колонија „Антун Петровиќ“, Решетари, Р. Хрватска

2003 - Скопско Лето, Музеј на Град Скопје

2002 - Центар за современа уметност, Панчево, Р. Србија

2002 - „Кој сум јас“ - Културен Центар, Белград, Р. Србија

1999 - Првото Peep Show во градот, галерија CIX,  Скопје

1998 - 5 Интернационална ликовна колонија, Кичево

1996 - „Икона на сребро“, СОРОС проект, Мала Станица, Скопје

1994 - Еко хепенинг, Градски кеј, Скопје

bottom of page