top of page
Д У Б Р А В К О Н А У М О В
peep show
„Првото PEEP SHOW во градот“ е кураторски групен проект.
Се базира на нашите потиснати желби да ѕиркаме во животот на другите луѓе: во нивноте телефони додека ги проверуваат содржините на социјалните мрежи или, уште полошо, да ги пребаруваме нивните приватни пораки.
Моето дело „Инфинитивот има само едно лице“ е уште еден чекор во уметничкото истражување на херметичкиот свет на принцезите.

три светлечки кутии

интеракција со публика 1

интеракција со публика 2

Во секоја кутија се крие колаж на принцеза. Многубројните детали можат да се набљудуваат низ различните отвори - шпијунки и лупи.

детал: лице

детал: дланки

детал: фустан
who am i
“КОЈ СУМ ЈАС” е групен кураторки проект. Петмина уметници ја обработуваат идејата на идентитет инспирирани од нивните сеќавања и лични искуства.
Моето дело „Равенки“ ја нагласува биолошката мистерија на уникатниот генетски код и неговата специфична улога како предиспозиција за создавање на идентитетот.

девет фази
мултиплицираниот автопртрет-дете во најава ја претставува мистеријата на зачнувањето - „генетско провидение“

ДНК кодот
Буквите на генетскиот код како директна аналогија на компјутерско кодирање: „Сите ние сме збир на калкулирани математички вредности = равенка“.

алхемија на зачнувањето
- 2 х 23 стаклени топчиња во транспарентна кутија: референца на X Y хромозоми - филтери за кафе: процесс на креација низ прочистување. - лава лампи исполнети со течност со различна густина(масло/вода) : визуелно ја илустрираат „алхемијата“ на креирање на уникатната индивидуа.
bottom of page