top of page
Д У Б Р А В К О Н А У М О В
ИНФИНИТИВ
Опусот со принцезите во својата аналогија обработува егзистенцијална идеја врзана за внатрешните превирања на уметникот - творец, растргнат помеѓу сопствените креативни амбиции и рестриктивните притисоци на општеството.
Принцезите, предетерминирани од нивниот кралски статус, исто така ги потиснуваат сопствените желби и амбиции во име на општествено условените протоколарни обврски.
Насловот, преземен од граматиката одбран е поради тоа што како неодреден начин дозволува само интенција, без определена глаголска форма, лице и број.
„....тие не покажуваат чувства или страсти, туку вкочанети, ја остваруваат својата егзистенција контролирајќи ги либидиналните енергии во рамките на врамената слика....
...во трикрилните објекти по својата форма налик на тоалетни огледала, овозможена е екстензија на метафората на неодреденоста на битието. Принцезите како посојано да сакаат да ја потврдуваат својата фигуративна егзистенција со нејзиното удвојување-рефлексија во огледалото.“
Сузана Милевска-куратор








bottom of page