top of page
ИДИОМИ 196,967

Името алудира на структурата на јазикот и значењето на зборот „идиом“: ја симболизира разликата помеѓу значењето на инсталацијата во целина во однос на нејзините поединечно изложени компоненти. Бројот ја претставува специфичната тежина на златото, симбол на богатството и благородништвото.
Инсталацијата се состои од седум, однатре осветлени, висечки златни кутии. Во секоја кутија сместена е по една кукла - принцеза. Некои од фигурите се статични додека други налудничаво се вртат. Нивната ментална состојба може да се набљудува преку многубројните мали отвори и оптички помагала (лупи и „шпијунки“) кои на различен начин ги изобличуваат пропорциите на малите фигурини во кутиите.
Оваа тридимензионална динамика претставува исчекор од претходниот проект „Инфинитив“ каде што композициите се целосно статични.
Принцезите во овој проект јасно го искажуваат својот гнев кон нивната предетерминирана општествена функција и протоколарните обврски тивко врескајќи од внатрешноста на нивните златни кафези.
bottom of page